Фирмата „Санос“ наместо да одговори уште повеќе се заплеткува во скандалот. Јавноста не виде работен процес, а ниту работници и тоа во работно време и во работен ден. Тие не кажаа како е можно фирма со 3 вработени, бројка која во јавноста се објави дека работат во „Санос“, да се произведат 5, па уште и да најават извоз на 70 други автобуси.
Овде се работи за измама која може да се запише во Гинисовата книга на рекорди.
Во ваква крајно сомнителна зделка уште посомнително е што Зоран Заев најави дека ќе и доделува државни субвенции во милионски износи. Граѓаните со право се прашуваат како се трошат нивните пари и дали се прават малверзации од кои ќе се одлеваат пари на приватни сметки.
Јавноста сака да види колку вработени има „Санос“, дали тие изработуваат или само репарираат автобуси, бидејќи тоа е клучно околу исплатата на средства или повратот на ДДВ. Нашите информации се дека се само тројца вработени. Ова очигледно е работа на обвинителството кое мора да провери дали се работи за спектакуларна измама која завршува како спектакуларен криминал.