Никола Груевски, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат нова ера. Нивната ера на криминал, корупција и насилство врз граѓаните заврши и нема да се врати повторно.

Никој, па ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во лагите на Груевски, а најдобар доказ за тоа беше празната сала за време на неговото лицемерно обраќање.

На локалните избори, граѓаните на Македонија ќе стават крај и на криминалната ера на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, а во општините ќе изберат нови одговорни локални власти предводени од СДСМ кои ќе го подобрат животот во секој град и секое село.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 20:04