Студентскиот живот и студентскиот стандард тонат во хаосот што го креира СДС. Студентите, како и сите други ја плаќаат цената на неспособноста на Заев и лагите со кои што ги зедоа гласовите на граѓаните.

Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во студентските домови. Се уште студентите не добија ништо од најавите на СДС и Зоран Заев за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори и ги зголемуваат маките на македонските студенти.

Владата молчи. Ги нема сега да кажуваат за розевата слика која манипулативно ја создаваа.

Најновата одлука на раководните структури од партијата на Заев предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброка. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.

Покрај оваа најнова мерка за „живот", студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.

Владата на СДС го руши достоинството на младите и студентите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 21:16