ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешното управување на финансиите од страна на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести. Граѓаните можат да бидат спокојни, економијата се движи напред.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека странски инвеститори планираат да заминат од земјата, интересот за инвестирање во земјава се зголемува. Со новиот План за економски раст се обезбедува стабилна бизнис клима за трајни и долгорочни инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија која не плаќа данок, лаже дека платите се намалуваат. Вистината е дека просечната нето плата во месеците јуни и јули 2017 година се зголемила за 2% во однос на истиот период, минатата година!

Очигледно е, во ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од изборниот пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 21:26