ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести преку кои очајнички се обидува да се спаси од извесниот пораз на локалните избори.

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантираше лажните вести што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Злоупотребата на полицијата за предизборно застрашување и попречување на слободно движење беше главна одлика на владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ. Таквата криминална ера на злоупотреби на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција.

Ослободувањето и професионализацијата на државните институции гарантираат слободни, фер и регуларни избори на кои целосно ќе се испочитува избирачката волја на граѓаните и ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може тоа да го промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 23:24