Стратешки бомбардери на американското Воено воздухопловтсво од типот „Б-1Б Лансер“, во придружба на авиони-ловци, прелетаа во близина на брегот на Северна Кореја, соопшти синоќа Министерството за одбрана на САД.
Порпаролката на Пентагон, Дејна Вајт информира дека тоа бил најблизок прелет на американски воени авиони до бреговите на Северна Кореја во 21-от век.
– Цел на мисијата беше демонстрација на американската решителност и јасна порака дека претседателот (Доналд Трамп) има многу воени опции со кои може да спречи секаква закана, изјави Вајт.
Таа нагласи дека Армијата на САД е подготвена да ги искористат сите свои воени капацитети за да ја одбрани земјата и своите сојузници.