ЕВН од утре ќе почне со усогласување на броилата, за домаќинствата од 1 октомври да добијат евтина струја. Претседателот на УО на ЕВН, Штефан Петер информираше дека тоа ќе се прави постепено.

Усогласувањето на броилата ќе почне како резултат на одлуката на Владата, од 1 октомври да се воведе евтина струја од 14 до 16 часот.

За цената на електричната енергија, Петер рече дека за оваа година може да се очекува намалување.

-За долгорочно тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година – изјави денеска Петер кој во Охрид учествува на конференција за енергетика.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави инвестирање во соларни паркови и субвенционирање на уреди за домаќинства.

– Македонија мора да го зголеми сопственото производство на електрична енергија и да го намали увозот, притоа водејќи сметка за зачувување на чистата животна средина преку поголема експлоатација на обновливи извори на енергија – изјави Манчевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2017 16:29