СДС со законот за амнестија сака да го легализира криминалот во Македонија.
Со овој закон СДС сака да ги амнестира лицата кои се обвинети за убиство и тешки дела. Ваквиот чекор е доказ дека СДС и Заев воопшто не водат грижа за безбедноста на граѓаните туку пред се ги ставаат нивните лични и партиски интереси.
Заев е во паника поради претстојните локални избори. Заев со законот за амнестија создава криминална коалиција со која ќе се задоволи подземјето, се со цел корумпирање на гласови во пресрет на изборите.
Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС.
Овој закон ќе ја продлабочи кризата и хаосот што го создадоа СДС и Заев во Македонија, а пак животот на граѓаните сериозно ќе го доведе во опасност.
Граѓаните ќе и застанат на пат на оваа криминална влада на Заев. Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат СДС.