Во се поочигледен страв од извесниот пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува секојдневно да шири лажни вести.

Министертвото за транспорт и врски целосно ги демантира лагите што ВМРО-ДПМНЕ денеска ги изнесе.

Ерата на расипничко трошење на парите на граѓаните за скапи вечери, ноќевања, пијалоци, јајца од јапонски потполошки, козметика и облека, заврши кога Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ заминаа во опозиција.

За разликата од ерата на ВМРО-ДПМНЕ, државните институции денес работат одговорно, отчетно и професионално, а парите на граѓаните се користат за повисоки плати и пензии, поголема помош за земјоделците и поголема државна поддршка за претпријатијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2017 20:07