Претпоставувам дека денешното појавување е во функција на изборната кампања. Нема ништо посебно што да се каже, рутинска посета на Генерално собрание на ОН, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски коментирајќи ја денешната изјава на Зоран Заев во Дневникот на Сител.

Груевски ја оценува како срамна објавата дека Заев остварил средба со американскиот претседател Доналд Трамп, а која воопштво не се случи. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ваквата информација, која самиот Заев ја објави на социјалните мрежи, говори за карактерот на човекот кој наочоглед целата јавност манипулира.


Груевски: Лагата на Заев за средбата со Трамп говори за неговиот карактер

-Во врска со средба со Коѕиас, во изјавите дека средбата е поврзана поради прашања за градење доверба не верува никој. Сигурно е дека разговарале за името, за идентитетот, цела Европа и цел светот знае дека оваа влада е составена за да го реши името онака какошто Грција сака. Заев е донесен на оваа позиција за решавање на името по терк на Грција. Се чека да завршат локалните избори и да почнат конкретни преговори, потенцира Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2017 21:43