Во легендата за Крали Марко, се вели дека тој имал четири сестри Дева, Пешта, Кита и Ѕвезда. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења . Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб. Пеша, пак другата сестра на јунакот, живеела во големата пештера на другиот рид, преку патот, којашто се гледа од кулите. Кита, живеела во Кичево. Кичево го носи името по Кита. Најмалата сестра Ѕвезда, живеела во Гостивар.Дева и Кита никогаш не се омажиле. Турците велеле , Кита била убава, ама Дева уште поубава.

Во околината на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девини Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка, сестра на јунакот Крале Марко.Длабоко во карпата, вгнездена е можеби една од најголемите пештери – пештерата Пешна, наречена по една од сестрите на Крале Марко. На реката Треска, во Поречкиот басен може да се забележи грандиозниот влез на пештерата Пешна, која е прогласена за споменик на природата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Внатре во пештерата е откриено дека на 200 метри под земјата има езерце со живи риби, што е атракција за посетителите. Нејзиниот дворец бил изѕидан токму овде, додека другата тврдина, наречена Девини кули, бил дворецот на другата сестра на Крале Марко, Дева. Од таа огромна тврдина е останат само мал дел. Ѕидините се два метра, што укажува дека станувало збор за огромна градба. Затоа дека на просторот подолу од Пешна се живеело интензивно, од XIV до XIX век, говорат остатоците.

Покрај доживувањата на Девини кули, посетителите имаат на располагање и Бициклистичка стаза, Пешачка стаза, Риболов, 5 градски туристички центри: Македонски Брод, Девич, Пешна, Бушева чешма, Белица и Самоков.

До Девич се пристигнува преку Македонски Брод. Патот Скопје–Тетово–Гостивар-Кичево-Македонски Брод-Девич е долг околу 160 км. Патот Скопје–Велес–Прилеп-Девич е долг околу 200 км. и е во добра состојба.

Момите доаѓале во Девич по убави мажи

Жените во Девич се задолжени да се грижат за добитокот и за земјоделството, а мажите сред село во единствената продавница да играат карти. Најубавите мажи потекнуваат од Девич, по тоа биле прочуени мажите од Девич.

Девојките од сите околни села доаѓаа на корзо во Девич да ги гледаат убавите мажи, а било и желба на секоја девојка да се омажи за убав девичанец.

По легендата за најубавата сестра на Крали марко, Дева, кулите биле наречени Девичини кули, а од таму и селото го добило името Девич. Пештерата по неа го добила името Пештна. Таму во минатото постоела цела населба, на ридот, од врвот каде што е кулата се до долу каде што покрај реката Треска се нивите со пченка и со тутун имало скали. Кај последната скала некогаш постоела чешма на која се миела Дева, а веднаш до неа било скриено азното, златото на Крали Марко кое го чувало некое животно.

Пишува: Крали Марко



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2017 22:16