СДС соочена со пораз на следните локални избори прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата.

Поминаа три дена и има целосен молк од надлежните откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше малтретиран без никаква причина.

Сето ова е напишано и во SWOT анализата на СДС за Кисела Вода каде се гледа дека власта дрско и брутално планира на овие избори да ја користи полицијата во функција на предизборен инжинеринг. За овој тежок скандал мора да има одговорност. Ова е директно мешање на партијата и државата, и директна злоупотреба на полицијата во партиски цели на СДС.

Оваа пракса мора да престане. Наместо кон штитење на правната држава, полицијата на Спасовски е насочена кон криминогени активности и изборен инжинеринг. Мора да има одговорност. Мора да има санкционирани поради ваквите злоупотреби. Нема да успеат. Ова е израз на очајот и паниката од страна на СДС соочени со слабата поддршка на СДС.

Никој во Република Македонија не е над законот. Законите важат подеднакво за сите.

Ништо повеќе не може да му помогне на СДС. На 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат злоупотребите на институциите во теснопартиски цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 12:33