9Германската антимиграциска и крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), која по денешните избори првпат влегува во Парламентот, вети дека ќе ја промени земјата.

– Одиме по Меркел. Ќе ја вратиме нашата земја и нашиот народ – порачаа од оваа партија, која сега е трета политичка сила во државата.

Потпретседателот на АфД Алис Вајдел најави и дека оваа партија ќе побара да биде формирана парламентарна комисија која ќе ги испита прекршувањата на законите на канцеларката Меркел во врска со бегалската криза.

Вајдел вети дека партијата ќе биде конструктивна опозиција во парламентот.

Инаку. АфД освои 13,5 отсто од гласовите во Германија, но доби дури 21,5 отсто поддршка во петте провинции во поранешната комунистичка источна Германија и таму таа е на второ место, по конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 17:30