„Министерот за транспосрт и врски Сугарески денес без срам се појави да најави проекти кои се изгответвени и за кои се обезбедени средства од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ова впрочем и не не зачудува, бидејќи тој покажа дека ниту знае ниту сака да сработи нешто за граѓаните, па сега му преостанува да се кити со туѓи перја.

Јавноста очекуваше да види најава од страна на Сугаревски дека се отпочнува изградба на барем еден километар од ветените 550 километри автопати и 600 километри магистрални патишта, кои што СДС им ги ветуваше на граѓаните.

Народот виде кој капацитет е Министерот Сугаревски. Не беше способен да ги доврши отпочнатите автопати, па бараше оправдувања или уште полошо од слепа омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, стопираше и блокираше проекти кои се во интерес на граѓаните.

Овие прес конференции сега на Сугаревски не се ништо друго туку само обична манипулација во пресрет на локалните избори со проекти кои актуелните градоначалници ги подготвиле и за кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедила средства за реализација.

И на крај во однос на приоритетите на Сугарески најдобро говори тендерот на Мкедонски Железници Транспорт, претпријатие под надлежност на министерството за транспорт и врски, со кој се врши набавка на алкохол во износ од над 24 илјади евра. Значи за Сугарески поприоритетно е набавката на алкохол од реализација на проекти за граѓаните.

Граѓаните гледаат и граѓаните ценат. Резултатот од тоа ќе биде катастрофален пораз кој гераѓаните ќе им го испорачаат на СДС и на Сугаревски на 15 октомври“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 22:04