Просечната бруто плата во Германија лани била 4.078 евра, со тоа што постои очигледна разлика во платите меѓу мажите и жените, и истокот и западот во државата.
Платите на пратениците се нешто повеќе од две просечни бруто заработки. Мажите, во 2016 година примале месечна бруто плата од 4.320 евра, додека жените земале плата од 3.627 евра.
Пратениците во Бундестагот имаат плата од 9.542 евра, имаат неоданочен надомест од 4.318 евра и бесплатна билет за железница додека трошоците за службени патувања ги презема државата.
На исток во државата платите биле пониски – 3.149 евра каде и трпошоците за живот се многу помали.
Заработувачката во Германија битно се разликува и од покраина до покраина. Највисоки плати имаат во Хесен, Баерн и Баден-Витенберг, а станува збор за покраини во кои се главните економски и финансиски центри – Франкфурт, Минхен и Штутгарт.