Медиумите објавија, а вицепремиетот во владата на СДС, Кочо Анѓушев молчи, колку фирми во странство крие и колку е нивната заработка.

Јавноста прашува. Која е милионската сума која што ја крие газда Кочо Анѓушев?

Дали тие фирми учествуваат на домашни тендери и на тој начин се испумпуваат пари кон странски фирми?

Дали има фирми во оф шор зоните, каде не може да се провери потеклото и најчесто се синоним за перење на пари?

Дали оваа шема со фирми на Анѓушев е смислено сценарио за перење на пари?

Јавноста очекува одговори.

Кога е во прашање милионерот Анѓушев законите немаат никакво значење и не важат.

За ова одговорност мора да има и ќе има.

Граѓаните ќе го казнат ова расипништво. Граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе стават крај на ова безредие и беззаконие. Граѓаните ќе го казнат СДС, Зоран Заев и газда Кочо Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2017 11:47