МЖ Транспорт веднаш да ја поништи јавната набавка за алкохолни пијалоци и парите да се пренасочат кон реализација на проекти за граѓаните
Додека вработените во Колска немаат плати, платите во Македонски железници каснат, и додека министерството за транспорт и врски троши време на стопирање на веќе започнати проекти, имаат доволно време да набавуваат алкохол во вредност од над 24 илјади евра.
Како да се средија во државата па уште алкохол фалеше да купуваат.
Бидејќи Сугарески лажеше дека таков тендер не постои, како ресорен министер сигурно знае што му работи Македонски железници. Еве го тој тендер од кој се гледа дека се набавува алкохол вреден 24 илјади евра.
Позадината на сето ова е друга. Дали е точно дека фирма блиска до СДС треба да го лапне и овој вносен бизнис? Дали е точно дека фирма блиска до братот на премиерот Заев е најзаинтересирана да набавува алкохол за државните институции?
Дали е точно дека ваквите нарачки се компензација за услуги на фирми кои се вршени за СДС?
Го повикуваме МЖ Транспорт веднаш да ја поништи јавната набавка за алкохолни пијалоци и парите да се пренасочат кон реализација на проекти за граѓаните.
Граѓаните не се должни да ги плаќаат луксузите на оваа расипничка влада која ја предводи криминалецот Зоран Заев.
СДС поради нивното расипништво ќе биде сурово казнет од сопствениот народ на овие локални избори. На 15-ти октомври казната на СДС ќе му биде испорачана.