СДС ги лаже студентите. СДС создава вистински хаос во студентските домови.
Владата на СДС без срам укина еден од оброците на студентите во студентските мензи.
Благодарение на апелите на ВМРО-ДПМНЕ и повиците на јавноста СДС повторно го врати оброкот што го укина.
Имено по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката за укинување на појадокот, вчера министерката Рената Дескоска од СДС повторно го врати појадокот на студентските трпези.
ВМРО-ДПМНЕ успеа уште еднаш да ја спроведе правдата на дело.
За ВМРО-ДПМНЕ идните академски граѓани на Република Македонија не се само гласачко тело како што ги смета СДС, туку иднината на Македонија во која треба многу да се инвестира. Оваа ситна игра и манипулација на СДС со студентите скапо ќе ги чини на 15-ти октомври.
На 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат лагите на Заев, поигрувањата со семејствата на студентите и потценувањето на нивната интелигенција.