Додека од една страна спротивно на законот СДС и Заев пуштаат на слобода осудени криминалци, од друга страна политички монтираат случаи и бараат притвори

Стравот и нервозата од изборниот пораз на СДС се видливи на секое можно поле. Токму затоа повторно беше активирана партиската испостава на СДС, СЈО која побара притвор на Едмонд Темелко, а судството под притисок на СДС донесе одлука за прифаќање на барањето на СЈО.

Додека од една страна спротивно на законот СДС и Зоран Заев пуштаат на слобода осудени криминалци, од друга страна политички монтираат случаи и бараат притвори.

Двојните аршини на СДС се видливи. Надвор од сите процедури, крешјки ги правилата, СЈО донесе политичка одлука, Судот испорача. Одлуката единствениот македонски градоначалник во Албанија да оди во притвор преставува врвно лицемерие и уште еден показател за киднапирањето на државата од страна на хунтата на СДС.

Додека криминалците царуваат, СДС се насочи кон човек со здравствени проблеми, третирајќи го како најголем криминалец.

Со ова свесни за поразот политичкото обвинителство на Катица Јанева активно се вклучува во изборната кампања на СДС.

Нивната борба за живот, е борба за правење на криминали на врхушката на СДС.

Затоа народот ќе ги казни, а одговорност за сите кој ги силуваат законите и носат политички наместо правни одлуки, ќе има многу брзо.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2017 13:00