Преку партизацијата на институциите и нивна злоупотреба, ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија заробена држава, а државните институции ги претвори во партиски сервис за исполнување на желбите на Никола Груевски, додека вработените во институциите беа заплашувани, уценувани и злоупотребувани.
За разлика од таквата ера на деградирање на институциите, денес, согласно владиниот реформски План 3-6-9, државните институции работат во служба на законите и во интерес на граѓаните, а вработените слободно и професионално ги вршат своите работни обврски.
Ослободувањето на институциите се гледа и по тоа што денес вработените во државните институции не се носат присилно по партиски митинзи и настани, како што тоа беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ продолжува со реформите што носат независни, професионални и ефикасни институции во служба на граѓаните и ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го промени тоа.