Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска во ТИРЗ Бунарџик ќе постави камен-темелник за изградба на нова фабрика.
Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања.
На поставувањето на камен-темелникот најавено се обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
„Чагатај Кабло“ е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди (греење, вентилација и климатизација), машини за чистачи, специјални аеродромски возила. Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања.
На поставувањето на камен-темелникот најавено се обраќање на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
„Чагатај Кабло“ е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди (греење, вентилација и климатизација), машини за чистачи, специјални аеродромски возила.