Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на нејавна седница го одби поднесеното барање од бранителите на Никола Груевски за укинување на мерките за претпазливост за екс премиерот.

Мерката на претпазливост Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и мерката Привремено одземање на дипломатска патна исправа – остануваат на сила.

Странките имаат право на жалба на ова решение во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2017 19:46