Никола Груевски е единствениот политичар во светот за кој постојат јасни докази за сторен криминал, злоупотреба на власта, корупција, изборни измами и масовно прислушување на граѓаните и кој се обидува да опстане на политичката сцена со лажна надеж дека ќе се спаси од одговорноста.
На ВМРО-ДПМНЕ и е јасно дека монтираните судски случаи коишто се креираа по налог на Никола Груевски се целосно разобличени и дека доаѓа правда.
Македонија станува правна држава во која законите важат подеднакво за сите, а граѓаните веруваат во правдата.
Граѓаните на парламентарните избори минатата година ставија крај на криминалната ера на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. На овие локални избори граѓаните само ќе ја потврдат одлуката дека сакаат да живеат во слободна, праведна и просперитетна Македонија.