Државата е на работ на економски колапс. Водена од црната тројка за македонската економија Заев, Анѓушев и Тевдовски, Македонија чекори кон банкрот.

Владата на СДС во вторник ќе ја задолжи државата за скоро 62 милиони евра. Во екот на предизборната кампања министерот за задолжување издава широка палета на државни хартии од вредност составена од: 6 месечни записи, 12 месечни записи, 2 годишни обврзници, 3 годишни обврзници и 15 годишни обврзници, со и без девизна клаузула.

На расипништвото на СДС му нема граници. Министерството за финансии пред само недела дена ја задолжи државата за 76 милиони евра, додека до сега има задолжено над 250 милиони евра.

Со најавеното задолжување сумата со која СДС ја задолжува државата за само 4 месеци ќе се искачи на над 310 милиони евра.

Да почитувани граѓани за само 4 месеци СДС ве задолжи за нови над 310 милиони евра. Додека од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра.

Тоа се над 477 милиони евра за само 4 месеци, за кои граѓаните немаат објаснување на што се потрошени. Тоа се 477 милиони евра, кои може да бидат искористени за поткуп на гласови.

Дополнително загрижува фактот што во период пред избори Тевдовски, во текот на октомври има закажано дури три аукции за хартии од вредност.

За што ќе служат ваквите пари кога знаеме дека досега владата нема реализирано ниту една капитална инвестиција.

Додека од една страна државата енормно се задолжува, владата крати огромни суми на пари од повеќе развојни ставки од буџетот. Владата не дава објаснување за што и како ќе бидат трошени стотиците милиони евра со кои ги задолжи граѓаните.

Граѓаните оправдано стравуваат дека ваквите пари можат да бидат користени за изборен поткуп.

Каде е бројчаникот кој толку го најавуваа или тој прегоре од сегашните енормни задолжувања.

Хаосот кој СДС го создава мора да запре. Државата не може без прегледно да се задолжува, граѓаните можат да го запрат ова лудило на 15 октомври, кога ќе кажат не за расипништвото на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2017 20:31