„Виз ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа денеска ја најави најголемата кампања за вработување во својата историја.

По 13 години консолидирање на водечката позиција на пазарот на Централна и Источна Европа, „Виз ер“ ќе отвори речиси 1.300 нови работни места во наредната година, благодарение на доаѓањето на 21. нов авион Аирбус А320 и А321 до крајот на 2018 година, како и на вклучувањето во сообраќај на 11 сосема нови авиони. Со тоа тимот на „Виз ер“ ќе брои повеќе од 4.500 вработени.

Вкупно 400 избори за пилоти и кабински екипаж ќе бидат организирани во 25 земји во Европа до крајот на 2018 година.

Експанзијата на авиокомпанијата и можноста за вработување нема да заврши со ова, бидејќи „Виз ер“ планира двојно да ја зголеми својата флота на повеќе од 160 авиони до крајот на 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2017 10:30