Над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата, во текот на актуелните тензии со САД, објавија севернокорејските државни медиуми.
– Сите граѓани се подготвени да го заштитат својот лидер и социјализмот и да ги избришат американските империјалисти од лицето на земјата, порачала КЦНА, новинската агенција на Северна Кореја. Како доброволци се пријавиле студенти, работници, мажи и жени, пишува севернокорејската агенција, а во Пјонгјанг се организирал и масовен митинг на кој се повикувало на “уништување на американската империја на злото со пет милиони атомски бомби”.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп разменија закани со меѓусебно уништување откако Северна Кореја спроведе неколку ракетни проби над Јапонија, како и тестирање на атомска бомба.