Руската полиција го уапси опозицискиот лидер Алексеј Навални при излегување од својот дом во Москва.
- Ме уапсија и никој ништо не знае. Прашувам зошто сум уапсен. Одговараат: Сега ќе видиме како стојат работите, изјави Навални.
Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека Навални е уапсен бидејќи „повикувал на учество во неовластени акции“.
Опозицискиот лидер најави дека ќе се кандидира на претседателските избори на пролет, но судската пресуда за финансиска злоупотреба, која тој ја смета за политички мотивирана, не му дозволува учество на изборите.