Министерството за развојот на Шпанија одлучи да ги ограничи летовите над Барселона поради референдумот за независност, кој е планиран за 1 октомври.

Од денска па се до 2 октомври, воздушниот простор ќе биде затворен.

Од Министерството појаснуваат дека ограничувањето се однесува само за хеликоптерите и малите авиони.

Оваа мерка нема да влијае на работењето на еден од најголемите аеродроми во Шпанија – меѓународниот аеродром во Барселона.

Од Министерството потсетуваат дека досега имало вакви ограничувања, како на пример, по повод Националниот ден на Каталонија.

Додека шпанската Влада презема мерки да се спречи било каков инцидент, лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон е уверен дека „никој од поддржувачите на независноста на Каталонија нема да си дозволи насилство и да ја зацрни пацифистичката беспрекорна слика“.

Тој изрази уверување дека в недела сите гласачи во шпанската автономна заедница ќе гласаат мирно на референдумот за независност, кој, пак, е прогласен за нелегален од страна на владата во Мадрид.

Пучдемон ги повика илјадниците шпански полицајци, испратени во Каталонија од централната власт со цел да го спречат гласањето, да дејствуваат в недела професионално, а не политички.

Портпаролката на каталонската влада, Хорди Турул денеска изјави дека организаторите на референдумот на 1 октомври имаа на располагање повеќе од 2.300 избирачки места, а 5,3 милиони луѓе имаат право на глас.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2017 14:39