Владата на СДС е синоним за економска катастрофа и цунами.
Заев и министерот за задолжување во текот на изборната кампања во вторник планира да ја задолжи државата за нови 62 милиони евра.
Со се стопените државни резерви од над 177 милиони евра, СДС успеа државата за 4 месеци да ја задолжи за неверојатни 477 милиони евра.
Граѓаните на Република Македонија бенефит од оваа влада не видоа. Оваа влада сигурно државата ја турка кон банкрот.
Просечната плата започна да опаѓа и за два месеци просечната плата во Македонија опадна за 420 денари во просек.
Имаме помалку странски инвестиции за 100 милиони евра, 60 странски компании кои требаа да дојдат во нашата држава да инвестираат ги нема. Имаме и пад на промет во индустрија за неверојатни 9.5%.
Владата на СДС ги запре сите проекти кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа ја запреа економијата и целиот градежен сектор, големите градежни компании отпуштија работници, земаа кредити за да дадат плати.
Згора на сето тоа владата на Заев најави и зголемување на даноците во Македонија, најави дека ќе се зголеми персоналниот данок на доход, данокот на добивка, дека ќе се зголеми придонесот за здравство и придонесот за пензиско.
Сето ова оди на сметка на работниците, затоа што работниците ќе добија помала нето плата, бидејќи од нето платата ќе отиде за поголем персонален данок и за поголеми придонеси за здравствено и за пензиско.
Заев ветуваше живот донесе сиромаштија и беда. СДС го заборави народот.
За ваквото несовесно работење следи одговорност, која многу скоро граѓаните ќе му ја испорачаат на 15-ти октомври.