Зоран Заев брутално си поигрува со вработените на Колска.
Заев на средбата со вработените на 27-ми јуни им вети дека за една недела ќе ги исплати платите кои заостануваат. Поминаа 2 месеци пари ниту еден вработен не виде.
Македонија се враќа во транзицијата на СДС каде фабрики се затвораа, а работници штрајкуваат. Заев безочно излажа.
Со месеци во агонија ги држат вработените од велешка Колска без плата и без здравствено осигурување.
Со месеци ги лажат дека ќе го решат проблемот и наместо тоа, парите наменети за вработените во Колска, ги трошат на шарените послушни кои ги вработија во државните институции.
Ни трага ни глас од помпезното најавување на велешанецот Анѓушев за трајно решавање на проблемот со вработените во Колска. Само паушални ветувања и груби лаги, тоа се методите со кои се служи СДС.
Владата на Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја стопираа постапката за приспојување на Колска кон Македонски Железници – Транспорт која беше пред завршување и ги оставија на милост и немилост вработените.
Дали вработените и нивните фамилии ќе чекаат уште една година на милоста на Зоран Заев и Кочо Анѓушев?
Но, така е секогаш кога СДС ветува за Колска. Денес вработените ги лажат Заев и Анѓушев, а претходно истото го правеше и Аце Коцевски - нивниот вечен кандидат за градоначалник.
Додека министрите на СДС си прават тендери за пијалоци и бадеми, вработените молат за исплата на заработените плати. Наместо да лажат, јавно да излезат и да ја кажат вистината на вработените.
Неспособното СДС уште една докажа дека не им е гајле за граѓаните. Единствено им е гајле како да се збогатат додека индустријата тоне, економијата остварува негативни резултати, а граѓаните се се посиромашни.
Ова ли е животот што го ветувавте? Ова ли е зборот со кои се фалите на вашите медиумски мегафони? Заради лагите што ги ширите, казната ќе ја добиете на локалните избори на 15-ти октомври.