Неспособното раководство на СДС на чело со Зоран Заев, успеа за неверојатно краток период да ја стават македонската економија на колена.

НБРМ констатираше и пад во работењето на банките.

Катастрофалните економски политики кои владата на СДС ги спроведуваше во изминатиот период, ја забавија економијата што директно резултираше и со намалување на активноста на банките за 1.6%.

Поради стагнација на економијата предизвикана од лошите економски политики на владата на СДС, НБРМ потврди дека банките ја намалија својата кредитна активност и оваа влијаеше на пад на кредитната поддршка за фирмите, што значи дека компаниите се помалку бараат кредити, но и се потешко добиваат кредити.

Неможноста компаниите лесно да дојдат до кредити, ќе значи помалку пари за нив, што негативно ќе се одрази на нивниот развој и ќе допринесе стагнација во стопанството.

Помалку пари за стопанството и компаниите, значи отежната ликвидност за фирмите и помалку ново отворени работни места, зголемување на невработеноста и раст на сивата економија.

Дополнително, несигурноста во економската програма на владата и стравот дека ќе има рецесија во државата, имаше негативно влијание и намалување на висината на депозитите кои граѓаните ги ставаат во банките, што значи дека се повеќе граѓани поради неизвесната економска состојба во државата која ја предизвика владата на СДС, се одлучуваат своите пари да не ги штедат во банките и да ги чуваат дома.

Безмилосно трошење на парите на граѓаните и лошите економски политики кои Заев и владата на СДС ги спроведуваат во изминатиот период резултираше и со пад на просечната плата за 0.7%, пад на индустриското производство за 2.2%, пад на извозот во јули месец за 12%.

Намерното стопирање на изградба на автопатите од страна на владата на СДС, предизвика пад и во производството во градежниот сектор за 19.9%, сектор кој беше главен предводник на економскиот раст во Република Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз со своите штетни економски политики и незнаење предизвика пад на бруто-домашниот производ од 1.8%, што покажува сериозен пад на економијата во државата.

СДС и Заев ветуваа раст на економијата за 5% годишно, но наместо раст, ја доведоа македонската економија на работ на амбис.

Ветуваа просечна плата од 1.000 евра и наместо зголемување како што лажеа, граѓаните добија намалување на просечната бруто плата во јули за 421 денар во однос на плата во мај годинава.

Граѓаните овој економски пустош кој СДС и Заев и го прават на државата, може и мора да го спречат.

На 15-ти октомври граѓаните ќе ја казнат оваа неодговорна и расипничка влада. СДС убедливо ќе биде поразен.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2017 14:49