„Лагата е лага“.

И тоа е единственото нешто во кое што го бива и Заев и луѓето околу него.

Социјалдемократскиот сојуз ги потценува граѓаните и ги смета за луѓе со кратка меморија, луѓе кои што можеш многу лесно да ги изманипулираш.

Главниот аргумент за непризнавање на изборните резултати им беше лагата за наводни 500.000 фантоми во избирачкиот список. Ги прашуваме Заев и Шекеринска каде исчезнаа 500.000 фантоми од претходните парламентарни избори? За оваа фрапантна бројка од фантоми кои живеат во државата, Социјалдемократскиот сојуз ја лажеше македонската јавност 3 месеци пред изборите. 500.000 фантоми одеднаш ги снема, а избирачкиот список се зголеми.

Зоран Заев во декември пред изборите лажеше дека, доколку ги изгуби изборите утредента веднаш ќе си даде оставка од функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз.

Очекуваното се случи, Заев ги загуби изборите, а оставката никаде ја немаше.

Заев лажеше за 500 евра просечна плата, а само после сто дена влада просечната плата се намали.

Заев лажеше дека ќе имало дебата за сите прашања, а склучуваше договори со соседни држави без да ја консултира барем стручната јавност, а камоли граѓаните.

Заев лажеше за повисок стандард за земјоделците, а денеска им ги крати субвенциите на земјоделците.

Заев лажеше за слобода на медиумите, а денеска гледаме заплашени и уценети медиуми.

Заев лажеше за заробена држава, а всушност тој ја зароби државата.

Лагите на Заев не држат ниту сто дена. За сто дена влада направи се спротивно од она што го говореа претходно.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2017 14:55