Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (29 септември 2017та година) заедно со членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров, Александар Николоски, Владимир Ѓорчев оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу.

На средбата се разговараше за актуелните случувања, политичката состојба, приоритетите на државата и за турско македонското пријателство кое е резултат на долгогодишна блиска соработка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека државата се соочува со тешка економска ситуација и надолен тренд на макроекономски показатели кои покажуваат дека ни престои подлабока економска криза која се одразува врз стандардот на граѓаните.

Од страна на Груевски беше посочено дека турско македонското пријателство е на црвсти основи и е резултат на традиционално добрата соработка. Беше поздравена поддршката од страна на Турската држава и користењето на уставното име.

Беше истакнато дека приоритети на Република Македонија остануваат членството во НАТО, и Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 03:56