По седумгодишна истрага, турското обвинителство покрена обвинение во врска со објавените интимни видео и аудио записи на претставници на опозицијата, вклучувајќи го и тогашниот лидер на најголемата опозициска партија, Дениз Бајкал, пишува „Хуриет дејли њуз”.

Прв оосомничен за овој случај е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвини дека го организирал обидот за преврат во земјата во јули минатата година. Освен Ѓулен, има уште 170 осомничени, вклучувајќи 164 полицајци.

Дениз Бајкал, поранешен лидер на Републиканска народна партија, беше принуден да поднесе оставка од претседателската функција во 2010 година, откако на интернет беше распространета снимка, на која се гледа како Бајкал е на љубовен состанок со претставничка од неговата партија. Одредени кадри потоа беа доставени до голем број членови на опозициската Партија за националистичка акција.

Според обвинението, видеата биле направени од полицајци кои припаѓале на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Обвинителите тврдат дека осомничените направиле копии од клучевите од домот на љубовницата на Бајкал, поставиле камери и направиле записи од интимните моменти меѓу двајцата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 17:00