Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики во економијата од страна на Владата предводена од СДСМ и вицепремиерот Анѓушев и затоа продолжува да шири нови лажни вести.
Времето на привилегирани фирми и поединци заврши кога ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција. Новата реформска Влада обезбедува неселективна поддршка и помош на домашните претпријатија, а преку досегашните спроведени мерки обезбедува пониски трошоци за живот и повеќе пари назад кај граѓаните.
Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ја манипулира јавноста. Граѓаните повеќе не веруваат во измислиците на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и тоа ќе го потврдат на претстојните локални избори кога ќе го казнат криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.