Шпанската полиција употреби гумени куршуми денеска против луѓе кои се обидуваат да гласаат на референдумот за независност, изјави каталонскиот лидер Карлес Пучдемон.
Тој рече дека полицијата одговара на „гласачките кутии, гласачките ливчиња и школите“ со „палки и гумени куршуми“.
– Тоа е пример за акции што не можат да се оправдаат, изјави Пучдемон.
Референдумот за независност на Каталонија не го одобри шпанската Влада и се обидува да го запре процесот на гласање.