Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите.
Во пресметката што се случуваше кога на гласачките места полицијата интервенираше за да го одземе гласачкиот материјал, а граѓани се спротивставуваа, се повредени најмалку 460 цивили и 11 полицајци.
Полицијата дејствуваше по наредба на шпанската влада, откако шпанскиот Уставен суд го прогласи референдумот за нелегален.
Откако гласачките места беа затворени во 20 часот по локално време, шпанскиот премиер Мариано Рахох порача дека Каталонците биле заведени да гласаат на нелегален референдум.
Проблемот со Каталонија, богатиот североисточен регион со 7,5 милиони луѓе, ја втурна Шпанија во најголемата политичка криза уште од времето на судирите со баскиската ЕТА.
Шпанија жестоко одговори на обидот да се организира референдум, со полиција што брутално се нафрли на демонстрантите кои сакаа да ги „осигураат“ гласачките места, преку користење на пендреци, жива сила и гумени куршуми.
Во училиштето „Пау Кларис“ во Барселона, според снимката од еден гласач, полицијата многу насилно отстранува луѓе од нејзиниот пат, во еден случај влечејќи лице за коса а во друг случај туркајќи ги низ скалите.
Луѓето што можеа да се видат на снимките како полицијата ги удир, клоца, турка или фрла вклучуваа голема група, во која имаше и стари луѓе со кучиња, девојчиња и други категории возрастви. Многумина се трудеа да спречат да бидат удрени по глава. Некое луѓе врескаа.