При напад со автоматско оружје на фестивал за кантри музика во Лас Вегас има најмалку 2 мртви и 24 повредени, според првичните информации кои што ги објавија американските медиуми.
На социјалните мрежи се појавија слики и од луѓе како бегаат од концертот, а на некои видеа може да се слушнат и звуци на автоматско оружје.
Според засега непотврдени информации, напаѓачот стрелал од 32. кат на хотелот, откако застрелал припадник на обезбедувањето. Гости на хотелот напишаа на Твитер дека полицијата во целост ги затворила хотелот и казиното. Хотелот е испразнет од 29-от кат, во обид полицијата да стигне до 32-от, каде наводно се наоѓа напаѓачот. Според некои извори на западните медиуми, во инцидентот има двајца или тројца напаѓачи.
На местото се забележуваат и голем број на полициски возила, а властите повикаа да се избегнува тој регион.