Европската комисија соопшти дека референдумот за независност на Каталонија не е легален.
Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните излегле на референдумот за независност и се изјасниле дека се за независност на оваа област од Шпанија.
Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон прогласи победа на опцијата за независност и истакна дека е направен пат за едногласно прогласување независност.
Регионалната влада соопшти дека на 7,87 отсто, односно на 176.565 ливчиња бил заокружен одговорот „не“. Каталонија има 5.340.000 жители со право на глас, што значи дека на референдумот излегле 42,3 отсто, односно 2.020.144 гласале „за“.
Наведено е дека резултатите се добиени врз основа на собраните гласови кои шпанската полиција не успеа да ги заплени. Портпаролот на каталонската влада, Џорџи Туруљ, рече дека акцијата на шпанската полиција спречила околу 777.000 Каталонци да го изразат својот став.
Во текот на денот во Каталонија избија немири во кои се повредени повеќе од 800 лица во судирите меѓу приврзаниците за независност и полицијата под контрола на Мадрид.
Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, ѝ соопшти на јавноста дека „никаков референдум не е одржан и дека Уставниот суд на Шпанија го прогласи изјаснувањето на Каталонците за неуставно“.