Заев декларативно вели одговорност мора да има. Еве одважете се и разрешете го Генералниот секретар на владата Рашковски кој прв го крши законот за спречување на судир на интереси.

Рашкоски како Генерален секретар на владата се самопрогласи за член на собранието на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра. Не е само неморално туку и е незаконско неговото однесување. согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

Дополнително време е Драги Рашковски заедно со неговата баба, Елена Начевска која се именуваше во второстепената владина комисија и неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ да ги вратат народните пари кои се дрзнаа без срам да ги земаат по основ на плати и хонорари од буџетот на Република Македонија.

Република Македонија не е ничија приватна сопственост и Рашковски заедно со Заев не можат да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта. Ова нема да трае долго. СДС нема да биде долго на власт. Потребна е оставка сега и веднаш.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка казна на 15-ти октомври испорачана од граѓаните на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2017 12:43