Автопатот Кичево-Охрид е доказ за неспособното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со тоа што веќе не може да договара провизии за себе и своите соработници.
Промашените траси, пропустите во градбата, провизиите за Груевски, го оштетија буџетот на државата за дополнителни стотици милиони евра пари на граѓаните што ќе се потрошат за санација на штетите предзвикани од неспособноста и коруптивноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ ги санира штетите на автопатот Кичево-Охрид и останатите автопатишта, вложува во инфраструктурата и во интерес на граѓаните, одговорно и посветено продолжува со изградбата на започнатите патни правци.