Белата куќа соопшти дека не е време за дијалог со Северна Кореја, потенцирајќи дека има разлика меѓу дијалог и вршење притисок.
– Северна Кореја држи тројца Американци. За нас тоа е момент на единствена причина да разговараме со нив, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс.
Таа додаде и дека претседателот Доналд Трамп има доверба во државниот секретра Рекс Тилерсон и покрај разногласијата за преговори со Северна Кореја,
Во неделата Трамп изјави дека Тилерсон си го губи времето обидувајќи се да договори преговори со Пјонгјанг.