Женин Хенис-Пласхарт поднесе оставка откако во извештај беше утврдено за сериозни пропусти што предизвикале смрт на двајца холандски војници.
Холандската министерка за одбрана Женин Хенис-Пласхарт поднесе оставка откако во извештај беше утврдено за сериозни пропусти што предизвикале смрт на двајца холандски војници од мировните сили во Мали во експлозија во 2016 година.
– Јас сум политички одговорна и ја преземам својата одговорност, изјави Хенис Пласхарт по дебати во Долниот дом на парламентот.
- Се повлекувам од фунцкијата министер за одбрана, додаде таа пред да му ја врачи оставката на кралот Вилем Александар.
Во извештајот е наведено дека Министерството дозволило грешки во процедурите за безбедност и медицински стандарди. Во документот се критикува Министерството дека имало недоволно контрола врз квалитетот на оружјето и врз складирањето. Војниците загинале во експлозија при користење минофрлач што не бил правилно складиран.