Европскиот парламент денеска ќе расправа за случувањата во Каталонија. Точката на дневен ред ќе биде вклучена дополнително во програмата за работа на европратениците.
Се очекува збор да земе потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, како и претседателите на парламентарните групи. Дебатата ќе трае еден час и на неа ќе бидат соопштени само ставовите на политичките сили, и нема да има дополнителни искажувања.
ЕК вчера повика на брзо воспоставување на дијалог меѓу властите во Каталонија и Мадрид, по референдумот за независност. Минатата ноќ, шпанскиот крал Фелипе Шести, во телевизиското обраќање пред нацијата изјави дека каталонските лидери ги прекршиле законите и покажале неприфатлива нелојалност.