Владата отворено не го почитува законот.

Корупцијата и криминалот стануваат заштитен дел од нејзината работа. Имаме случај на очигледно кршење на закон и владата на СДС мува не ја лази.

Додека имаат полна уста со зборови за тоа колку биле демократи во исто време не го спроведуваат и го кршат законот. Па така Драги Рашковски во исто време е Генерален секретар и претседател на Собранието на акционери на Телеком. Во исто време зема плата од над 1.000 евра од влада и по 500 евра од седница на собранието на Телеком.

Според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

Што тука не е јасно. Владата толерира и стимулира рушење и непочитување на законите. За сите важат законите само не за Рашковски.

Рашковски, Заев и цела влада на СДС молчат од срам за неморалното зачинето со огромна доза на непотизам однесување на Генералниот секретар.

Рашковски веднаш треба да ги врати парите на граѓаните кои ги испумпа од буџетот на Република Македонија.

Рашковски треба да биде разрешен веднаш од позицијата Генерален секретар на влада на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2017 12:02