„Народно движење за Македонија најостро реагира на вчерашната голема лага на МВР по повод 22 години од атентатот врз Глигоров дека и натаму се работи на расветлување на атентатот, бидејќи, со телеграма на МВР сите организациски единици на тајната полиција и криминалистичката служба се известени дека Штабот на оперативната акција „Автомобил„ со седиште во МВР веќе не постои.

Значи, атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР, бидејќи полициската истрага е затворена со укинувањето на оперативната акција со кодно име „Автомобил„ во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан.

Затоа, НДМ го повикува МВР да престане да ја замајува јавноста дела се работи на атентатот врз Глигоров и да одговори на суштинското прашање кое ја интересира јавноста – Кој и зошто ги укинал Штабот и оперативната акција „Автомобил“?“, се вели во соопштението на НДМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2017 12:05