Раководството на НБА лигата најави промени и нов формат на „Ал Стар“ натпреварите почнувајќи од следната година.
„Ол Стар“ натпреварот кој ќе се игра во февруари 2018 во Лос Анџелес нема да биде традиционална пресметка – Исток – Запад. По ново, капитените ќе ги избираат тимовите и тие можат да бидат од различни конференции.
Двајцата капитени ќе бидат оние играчи кои ќе освојат најмногу гласови од двете конфренции.
Процесот на избор на играчи кои ќе се најдат во базата од која ќе избираат капитените е ист. Таму ќе се најдат по 12 кошаркари од двете конференции во зависност од бројот на гласови од навивачите, кошаркарите и новинарите.
Тренери ќе бидат оние со најдобар учинок во лигата и тие ќе си ги изберат резервите.