И покрај политичката криза којашто беше пролонгирана од блокадите на ВМРО-ДПМНЕ со кои спречуваа мирен трансфер на власта, индустриското производство оваа година е речиси на идентично ниво споредено со истиот период минатата година што се должи на мерките и политиките на владата предводена од СДСМ што ги превзема за стабилизација на економијата.
Вистинска потврда за успехот на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е растот на бројот на работници во индустријата, кој за август оваа година, споредено со август 2016 е зголемен за 3.1%. За првите осум месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1.3%.
Економијата се раздвижува и првите резултати се видливи.
На 15-ти октомври граѓаните ќе ги испорачаат бројките што ќе означат пад и пораз на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заради децениското расипничко уништување на економијата што тие го спроведоа!