Билзериан на Инстаграм сподели драматично видео во кое вели дека почнал да бега зошто слушнал пукање.
Додека се провлекувал низ хаосот за да најде безбедно место, рече: „О Боже, оваа девојка само што ја погодија во глава“.
Инаку Билзериан е првак во покер и „тежок“ околу 100 милиони долари, кој води раскошен живот.
Поседува имот во Лас Вегас, Сан Диего и Лос Анџелес. Стана ѕвезда на социјалните мрежи зошто секојдневно објавува слика со разголени убавици, оружје и со своите миленичиња.