Со доаѓањето на СДС на власт, на улиците се вратија криминалните банди, кои спроведуваат терор и вршат насилство врз граѓаните.

СДС ја враќа Македонија во времето на своето владеење во 90-тите години од минатиот век, кога голем број на неразјаснети убиства, запалени автомобили и куќи, криминали за кои никогаш не се открија сторителите.

Според податоците објавени во медиумите можеме да забележиме дека само за неколку дена опожарени се две возила, извршено е разбојничка кражба во аптека на прометна улица среде Скопје, во скопски Карпош, имаме и убиство во обид, а секако потребно е да ги споменеме изборните инциденти каде имаме физички напад со тешки телесни повреди пукнат череп на градоначалник, застрелан носител на советничка листа и шеф на штаб, како и политички активисти па дури и случајни минувачи, десетина искршени штабови и редица други кривични дела, за кои на Оливер Спасовски око не му трепнува да ги разјасни.

Полициските билтени секојдневно се полни со случаи од типот на: фрлени бомби во семејни дворови и вооружени напади, а заканите врз поединци не можат ниту да се добројат.

Истите оние кои се ослободуваат од издржување на затворски казни се оние кои предничат во инцидентите. За само кус период ослободени и на улица се најдоа озогласени криминалци, дилери на дрога, финансиски измамници и лихвари, луѓе од скопското подземје. СДС сакаат да владеат со страв затоа што самите тие свесни за узурпираната волја на граѓаните се преплашени.

За жал, полицијата под контрола на Спасовски е нем сведок на целиот криминал кој се случува низ целата државата. Во одредени случаи онаму каде е силна партиската контрола на СДС врз криминалните групи таа станува и соучесник во извршувањето на кривичните дела. Улиците не се безбедни. Како ВМРО-ДПМНЕ секој ден добиваме поплаки за изрекетирани продавници, кафулиња, дискотеки, приватни фирми.

Вандализмот, заканите и притисокот стануваат заштитен знак на владеењето на СДС. СДС создава атмосфера во која веќе никој не е безбеден.

Власта е активен учесник во тоа безредие. Не може да се гарантира мир, лична и јавна безбедност кога криминалци се ослободуваат. Не може да има мир и сигурност на граѓаните и државата кога праведните се носат во притвор, а озогласени и осудени криминалци се на улица.

Граѓаните не сакаат вандализам, граѓаните не сакаат безредие. Спасовски како експонент на политиката на СДС е предводник на тоа безредие. СДС владее во хаос и продуцира хаос и беззаконие, без разлика дали е во опозиција или на власт, а особено доколку таа власт е узурпирана и спротивна на волјата на народот. СДС е хаос и функционира хаотично на штета на граѓаните и државата. Тоа е препознатливата политичка и прагматична матрица која го карактеризира СДС ориентирана кон предизвикување хаос, а со цел покривање на сопствените им криминалните дејанија, неработење, незаинтересираност за државата за личната и јавната сигурност на граѓаните и тотална неспособност. Граѓаните ќе го казнат СДС се сиот хаос во кој ја втурнаа државата. На 15-ти октомври граѓаните ќе го кажат својот збор и ќе го казнат СДС за неспособното и хаотично владеење во последните 4 месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2017 13:34